MakAutoStar

Профил на Компанијата

Бидете сведок на спојувањето на минатото и иднината... На луксузот и на инженерската визија... На модерната архитектура и на врвната естетика... Влезете во еден совршен простор кој ќе Ве поведе во една друга димензија - во современиот свет на мобилноста.

Нашата филозофија е јасна: да го дадеме најдоброто од нас на клиентите кои го очекуваат најдоброто. И правејќи го тоа, ние сакаме да создадеме една трајна вредност - да живееме култура на совршеност која се заснова на заеднички вредности. Корпоративната историја на брендовите кои ги застапуваме е полна со иновации и пионерски достигнувања во автомобилскиот свет. Тие претставуваат дополнителен стимул за вработените и увереност во лидерството во автомобилската индустрија.

Целта на нашата компанија е фокусирање кон можноста клиентот да пронајде сè на едно место - целосно решение за мобилноста. Она што компанијата му го нуди на клиентот е базирано на искуствата за сеопфатно решение и одговор на сите автомобилски прашања – од продажба и одржување на автомобили до начин на финансирање. Негуваме силно чувство на традиција кое ни помага да создадеме одлична основа за продолжување на успешната приказна.

Вработените кои ќе Ве пречекаат со насмевка се свесни дека функционирајќи усогласено во работната и пријателска средина растат заедно со компанијата. Тоа ги прави уште помотивирани. “Ние создаваме силна, независна компанија со изграден идентитет и продолжуваме по нашиот пат поставувајќи уште поголеми цели.”

MakAutoStar

Мак Аутостар дооел е генерален застапник на Mercedes-Benz за Daimler во Р. Македонија,односно генерален застапник за Mercedes-Benz патнички и стопански возила, автобуси и Unimog, потоа овластен дистрибутер за Mitsubishi Fuso и Setra, генерален дистрибутер за Mitsubishi Motors и овластен дистрибутер на Mobil.

Мак Аутостар дооел е дел од Betz Групацијата (Betz Unternehmensgruppe), која се занимава со транспорт, логистика, шпедиција и услуги. Групацијата е основана во 1945 година во Германија и од тогаш е во постојана експанзија. Моментално во Betz работат околу 7300 луѓе во повеќе од дваесет земји во светот. Групацијата располага со флота од околу 4,500 камиони и бродови кои вршат транспорт на стока низ целиот свет.

Како резултат на успешното работење на Мак Аутостар и желбата за помош на сите клиенти за најдоброто и најбрзото решение при одржувањето и при евентуални проблеми на нивните возила Мак Аутостар на 05.09.2005 го отвори својот нов изложбено-продажен салон со сервисен центар за брендовите кои ги застапува: Mercedes-Benz и Mitsubishi.

Мак Аутостар е фирма со деветнаесетгодишно искуство во продажба, сервисирање и одржување на возила. Во Мак Аутостар во моментот има осумдесет вработени, од кои најголем дел со високо образование. Оваа бројка е во постојан пораст.

Освен изложбениот салон, Мак Аутостар има и оддел за резервни делови кој располага со сопствен магацин и единствен овластен сервисен центар за возилата од производната програма на Daimler AG како и Mitsubishi Motors во Република Македонија.