MakAutoStar

Сервис

Супериорни перформанси, исклучителен стил и најсовремена технологија е сето она што го очекувавте од возилото кое Ви го предаде нашиот продажен консултант? Додека го возите Вашиот автомобил, нашата посветеност кон Вас продолжува и понатаму со првокласниот Сервисен центар. Нашата цел е да го сочуваме изгледот на Вашиот автомобил како во моментот кога се заљубивте на прв поглед во него.

Препуштајќи ја Вашата доверба кон нашиот авторизиран сервис ќе почувствувате дека Вашиот автомобил ја добива грижата која ја заслужува. Додека седите во Вашето комфорно возачко седиште, силен тим од луѓе кој беспрекорно ги познава своите улоги, работи за Вас во Вашиот овластен центар. Стручноста и вештината кои ги поседуваат овие луѓе се клучот кој ќе го задоволи Вашето возачко искуство.

Затоа што никој не го разбира подобро Вашиот автомобил од нас. Вие и Ние ги доживуваме автомобилите на ист начин.

Задржете ја вредноста на вашето возилото, удобноста, стилот, перформансите и безбедноста со оригиналните делови кои совршено ќе се вклопат во вашето возило. Секое парче од оригиналниот дел поминува низ истата постапка на проверка на квалитеот како и самиот автомобил. Само оригиналниот дел може да замени оригинал. И само квалитетот, вредноста и искуството можат да направат Вашата звезда повторно да го добие истиот сјај.

MakAutoStar

Освен изложбениот салон, Мак Аутостар располага со единствен овластен сервисен центар за возилата од производната програма на Daimler AG како и Mitsubishi Motors во Република Македонија. Сервисите на МакАутоСтар се опремени со специјализиран алат за Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors. Вработените во сервисот се со богато работно искуство, кое континуирано се надградува со специјални обуки од страна на тренери од Daimler AG и Mitsubishi Motors и низ останатите тренинг центри низ Европа.

Сервисот за патнички возила на површина од 800 м2 има 14 работни позиции и капацитет за опслужување на 40 возила дневно. Опремен е со најсовремени уреди за квалитетно одржување на возилата меѓу кои систем за централно извлекување и точење на моторно масло по најсовремени светски еколошки стандарди, уред за центрирање на предницата на возилото и испитувањје на неговата геометрија со ласерски метод од најновата генерација.

Сервисот за товарни возила со површина од 750м2 има 8 работни позиции опремени со високо квалитетни современи каналски дигалки. Сервисот има современ уред за испитување на сопирачки, систем за одведување на издувните гасови...

Лимаро-фарбарскиот сервис на своите 650 м2 содржи најнова комора за фарбање и печење специјализирана за работа со еколошки водени бои и техника на нанесување нано лак. Најновите методи и квалитетната опрема со веќе докажаниот квалитет на Mercedes-Benz овозможуваат да исчезнат гребаниците, малите вдлабнувања и трагите од удари од камчиња само со интервенција на

Најновите методи и квалитетната опрема кои се веќе докажаниот квалитет на Mercedes-Benz овозможуваат да исшчезнат гребаниците, малите вдлабнувања и трагите од удари од камења.

Магацинот на МакАутоСтар е со површина од 400 м2 и е опремен со дво-катни регали од реномираниот производител Schäfer и е еден од најквалитетните и најсовремените од тој тип во Македонија. Магацинот има капацитет од 15.000 позиции, и располага со богат асортиман на оригинални резервни делови за марките застапувани од МакАутоСтар.

Центарот за Дијагностика на МакАутоСтар е опремен со најсовремени уреди меќу кои најнов уред за испитување на сопирачки и амортизери, како и за комплетно тестирање на подвозјето на автомобилот.