Вработување - Mak Autostar

Вработување

Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:

КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

–      Високо образование

–      Активно познавање на англиски јазик

–      Искуство во продажба и комуникација со клиенти

–      Основни познавања на возила

–      Организираност и исполнителност

–      Возачка дозвола Б категорија

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

–      Организација на нарачки, прием и испорака на возила

–      Директна комуникација со клиенти

–      Комуникација со соодветните сектори во фирмата (шпедиција, сметководство, финансии и сл.)

ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА

–      Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати

–      Напредна работна средина и функционален тим на професионалци

–      Можност за самостојност, иницијативност и креативност

–      Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус

–      Приватно здравствено осигурување

–      Дополнителни бенефиции

Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [email protected] заклучно со 20ти октомври 2026г.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Fuso, Ducati, Mobil,  сопственик на брендот за користени возила Premium Used, Mercedes Lounge Bar и на деловниот центар, Premium Center.

Mak Autostar
Политика за „колачиња“

Оваа страница користи „колачиња“ за да имате најдобро корисничко искуство. „Колачињата“ се зачувани во вашиот прелистувач и се користат за да Ве препознаат кога се враќате на нашата страница и ни помагаат да разбереме кои делови од интернет страницата Ви се најкорисни.