Голема сервисна АКЦИЈА! - Mak Autostar

Голема сервисна АКЦИЈА!

Со услугата на Mercedes-Benz секогаш ќе бидете во предност, пред сѐ во однос на заштита и ефикасноста на моторот. За таа цел, Мак Аутостар подготви акциска понуда за замена на пумпа за масло, филтер и масло во моторот и по потреба замена на картер за моторот.

Примарната функција на пупмата за моторно масло е да овозможи правилна циркулација на маслото под притисок за подмачкување и ладење на подвижните и статичните компонентите на моторот со внатрешно согорување, со што се намалува триењето, абењето и потенцијалното оштетување на моторот.

Таа го повлекува маслото од картерот на моторот, го придвижува истото под притисок и го дистрибуира до различните компоненти како што се коленестото вратило, брегастата оска, клиповите, лежиштата и другите делови. Ова подмачкување е од витално значење за непречено, правилно и долготрајно работење на моторот.

Во цената е вклучена работна рака.
Акцијата се однесува на влекачи од типот ACTROS 4/5. Акцијата трае се до потрошување на количините.

Контакт телефони: +389 2 2580 462; 2580 464

Освен замена на пумпата за масло, се врши и компјутерски тест на новата пумпа, при што се проверуваат нејзините перформанси.

При замена на пумпата за масло, се препорачува замена и на пластичниот всисен дел за масло со промотивна цена од: 17.900 денари + ддв.

Замената на картерот или долниот дел од моторот кај Mercedes-Benz Actros е клучна за одржување на моторот во оптимална состојба.

Доколку се менува картерот и пумпата во исто време, работната рака за картерот во износ од 11.200,00 денари и дихтунгот за картер во износ од 2.550 денари се бесплатни.

Mak Autostar
Политика за „колачиња“

Оваа страница користи „колачиња“ за да имате најдобро корисничко искуство. „Колачињата“ се зачувани во вашиот прелистувач и се користат за да Ве препознаат кога се враќате на нашата страница и ни помагаат да разбереме кои делови од интернет страницата Ви се најкорисни.