
Достапни се и модели со други мотори и опременост. За детални информации околу понудите, ве молиме контактирајте го директно салонот на Мак Аутостар.
+389 2 2580 405 или 2 2580 406
Оваа година го славиме големиот јубилеj – 140 години од првиот автомобил, а со тоа и 140 години постоење на Mercedes-Benz како синоним за иновација, луксуз и безбедност. Од првиот автомобил до денешните врвни технологии, наследството на Mercedes-Benz трае и инспирира.
По повод јубилејот 140 години, Мак Аутостар овозможи специјална јубилејна понуда за моделите A-Class и C-Class.
Стил, иновации и динамика
Новата A-Class Compact го комбинира модерниот дизајн со најновите технологии, нудејќи незаборавно возно искуство. Со аеродинамични линии, префинет ентериер и моќни но ефикасни мотори, овој модел е совршен за градските патишта и долги патувања.

Со MULTIBEAM LED технологијата, Mercedes-Benz нуди прецизни и адаптивни светла кои автоматски се прилагодуваат на секоја ситуација на патот. Оваа иновативна технологија, обезбедува оптимална видливост без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот.

Клучни карактеристики:
✔ Напреден дизајн – Спортски елегантност со LED светла и динамични пропорции.
✔ Технолошки напреден – MBUX мултимедијален систем со гласовна контрола и вештачка интелигенција.
✔ Ефикасни мотори – Бензински и дизел опции со ниска потрошувачка и високи перформанси.
✔ Безбедност – Активни помошни системи за максимална заштита.

Mercedes-Benz C-Class претставува совршена комбинација на луксуз, врвна технологија и динамични перформанси.
C-Class останува верен на своето име — Comfortklasse — нудејќи врвен комфор, но и динамика кога тоа е потребно. Без разлика дали го избирате како семеен автомобил, за деловни цели или за спортско уживање, C-Class ветува врвно искуство.


