За детални информации околу понудите, ве молиме контактирајте го директно салонот на Мак Аутостар.
Mercedes-Benz CLA го претставува совршениот баланс помеѓу елеганција и спортски карактер. Со својот провокативен дизајн, напредни технологии и впечатливи перформанси, оваа компактна лимузина ги поставува новите стандарди.
Oвој систем нуди најсовремена навигација, гласовна контрола и безжично поврзување за беспрекорно возечко искуство.
10,25-инчен централен екран + 10,25-инчен дигитална инструмент-табла
Активирање на функции без допир, поддржува природни говорни изрази, учење на навиките на возачот, со што системот го памти изборот на возачот и му нуди разни препораки.
Со MULTIBEAM LED технологијата, Mercedes-Benz нуди прецизни и адаптивни светла кои автоматски се прилагодуваат на секоја ситуација на патот. Оваа иновативна технологија, обезбедува оптимална видливост без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот.