Со услугата на Mercedes-Benz секогаш ќе бидете во предност, пред сѐ во однос на заштита и ефикасноста на моторот. За таа цел, Мак Аутостар подготви акциска понуда за замена на пумпа за масло, филтер и масло во моторот и по потреба замена на картер за моторот.
Примарната функција на пупмата за моторно масло е да овозможи правилна циркулација на маслото под притисок за подмачкување и ладење на подвижните и статичните компонентите на моторот со внатрешно согорување, со што се намалува триењето, абењето и потенцијалното оштетување на моторот.
Таа го повлекува маслото од картерот на моторот, го придвижува истото под притисок и го дистрибуира до различните компоненти како што се коленестото вратило, брегастата оска, клиповите, лежиштата и другите делови. Ова подмачкување е од витално значење за непречено, правилно и долготрајно работење на моторот.
Во цената е вклучена работна рака.
Акцијата се однесува на влекачи од типот ACTROS 4/5. Акцијата трае се до потрошување на количините.
Контакт телефони: +389 2 2580 462; 2580 464
Освен замена на пумпата за масло, се врши и компјутерски тест на новата пумпа, при што се проверуваат нејзините перформанси.
При замена на пумпата за масло, се препорачува замена и на пластичниот всисен дел за масло со промотивна цена од: 17.900 денари + ддв.
Замената на картерот или долниот дел од моторот кај Mercedes-Benz Actros е клучна за одржување на моторот во оптимална состојба.
Доколку се менува картерот и пумпата во исто време, работната рака за картерот во износ од 11.200,00 денари и дихтунгот за картер во износ од 2.550 денари се бесплатни.