
Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
• Универзитетско образование од техничките науки. Дипломиран машински инженер, насока моторни возила се смета за предност
• Техничко познавање на работата на системите во возилата
• Практично искуство во комуникација со клиенти
• Искуство со возила, резервни делови или сервис се смета за предност
• Англиски јазик, напредно ниво
• Возачка дозвола Б категорија, задолжително
• Прием на возила во сервис, комуникација со клиенти
• Дефинирање обем на работа и контрола на сервисирање
• Завршна контрола, изготвување на контролна листа и идентификација на преостанати недостатоци
• Обезбедување техничка помош на механичарите
• Активна продажба на услуги
• Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
• Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
• Можност за самостојност, иницијативност и креативност
• Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [email protected], со назнака за работно место „Консултант за прием на возила во сервис“, заклучно со 20-ти февруари 2026г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Fuso, Ducati, Mobil, сопственик на брендот за користени возила Premium Used, Mercedes Lounge Bar и на деловниот центар, Premium Center.
