Информации за приватност при вршење на видеонадзор во Мак Аутостар
Оваа изјава за приватност го објаснува видот на податоци што Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст Мак Аутостар), ги собира од Вас при посета на деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци
Мак Аутостар собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните прични (цели):
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.)
Камерите за видеонадзор се инсталирани на влезот на објектот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање.)
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, сервисот, гаражата и паркингот.
Мак Аутостар собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
Мак Аутостар е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштите на личните податоци. Покрај тоа, _____________ е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
Контролорот користи опрема за видеонадзор за:
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за личните податоци.
Покрај тоа на влезот на Контролорот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: ангажираната Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Контролорот.
Вие како субјект на лични податоци можете да испратите барање на [email protected]
Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање барање до седиштето на Контролорот или преку е-пошта до: [email protected]
Не е дозволено менување на видео записот за видеонадзор.
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected] кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected], кога обработката е незаконска.
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до Конторолорот на [email protected], и да побарате да преземе акција
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на [email protected]
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
Контролорот е посветен за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.