
Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
1 МАГАЦИОНЕР ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ОПРЕМА
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
-Средно образование (техничка насока ќе се смета за предност)
-Претходно работно искуство на иста или слична позиција,
во областа на автоиндустријата или резервните делови ќе се смета за предност
-Познавање на процесите за прием, складирање и издавање стока
-Познавање на основни компјутерски вештини и работа со магацинско работење
-Поседување возачка дозвола Б-категорија
-Англиски јазик, основно познавање
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
-Истовар т.е. утовар, прием, контрола и правилно складирање
на резервните делови и опремата
-Припрема, подредување и издавање на резервни делови,
според налози за сервис и надворешна продажба
-Вршење редовни проверки и задолжителни периодични
пописи на магацинските залихи
-Поддршка на логистичкиот процес и одржување на ред,
чистота и безбедносни стандарди во магацинот
-Соработка со тимот за продажба и
набавка за навремена дистрибуција на деловите
ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА
-Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
-Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
-Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [email protected], со назнака за работно место „Магационер за резервни делови и опрема“ заклучно до 1-ви ноември 2026г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Fuso, Ducati, Mobil, сопственик на брендот за користени возила Premium Used, Mercedes Lounge Bar и на деловниот центар, Premium Center.
