Вработување - Mak Autostar

Вработување

Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:

1 Kомерцијалист за продажба на резервни делови за патнички и товарни возила

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Техничко познавање на резервни делови
  • Работно искуство од над 5 години во областа
  • Искуство во продажба и комуникации со клиенти
  • Следење на процесот на продажба и изготвување извештаи
  • Англиски јазик, основно познавање

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Креирање комерцијални понуди и советување на клиентите за изборот и набавка на резервни делови за редовно одржување
  • Одржување и проширување на постоечката мрежа на продажба
  • Зголемување на асортиманот кај постоечките клиенти
  • Активно следење и одржување на соодветното ниво на залихи со делови

ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА

  • Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
  • Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
  • Можност за самостојност, иницијативност и креативност
  • Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк

Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [email protected], со назнака за работно место „Комерцијалист за продажба на резервни делови за патнички и товарни возила“ заклучно со 10-ти maj 2026г.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Fuso, Ducati, Mobil,  сопственик на брендот за користени возила Premium Used, Mercedes Lounge Bar и на деловниот центар, Premium Center.

Mak Autostar
Политика за „колачиња“

Оваа страница користи „колачиња“ за да имате најдобро корисничко искуство. „Колачињата“ се зачувани во вашиот прелистувач и се користат за да Ве препознаат кога се враќате на нашата страница и ни помагаат да разбереме кои делови од интернет страницата Ви се најкорисни.